Новак Ѓоковиќ кого го чека натпревар за третото место на турнирот во Ријад, Саудиска Арабија каде што ќе се соочи со Рафаел Надал даде и интервју за „Ла Насион“.
Во ова интервју Ѓоковиќ зборуваше за повеќе теми, но највпечатлива е неговата изјава дека не размислува за пензија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нормално е во овој период од кариерата да ми го поставите тоа прашање, но јас чувствувам дека можам да освојам уште некоја грен-слем титула. Веројатно тоа е и мојата последна мотивација откако освоив толку трофеи во кариерата. Среќен сум и кога играм за Србија на Дејвис купот, сепак знам дека телото не ме служи како порано.
Ме прашуваа зошто не сум се повлекол по златото во Париз, меѓутоа јас не сакам така лесно да се откажам. Имам да им порачам нешто на тие кои што сакаат да ме снема од големата сцена – уште ќе ме гледате“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во својата кариера досега успеа да освои 24 грен-слем титули со кои рекордер.