Дома Останати Ѓоковиќ го пропушта Мастерсот во Мајами!?

Ѓоковиќ го пропушта Мастерсот во Мајами!?

Новак Ѓоковиќ поради повреда најверојатно ќе го пропушти Мастерс турнирот во Мајами, на кој во последните три години ја освојуваше титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француската новинарка Карол Бушар ја пренесе информацијата дека поради повреда на лактот, српскиот играч од САД се вратил во Монако на консултации со својот доктор и дека најверојатно нема да игра во Мајами.

Ѓоковиќ е актуелен шампион на овој Мастерс, а доколку не настапи во Мајами тоа ќе биде дополнителен удар за неговите амбиции сезонава, бидејќи во последните две недели испаѓаше во осминафиналето на турнирите во Акапулко и Индијан Велс од Ник Кирјос.

Исто така, тоа ќе му овозможи на Енди Мари само да ја зголеми предноста на челната позиција на АТП листата, бидејќи Ѓоковиќ ќе загуби 1.000 поен освоени минатата година. Мари во Мајами брани мал број на поени, тој лани испадна во осминафиналето.

Мастерсот во Мајами ќе започне в четврток, а наградниот фонд е речиси 7 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…