Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално го препушти врвот на АТП листата на Јаник Синер.
Синер на Ролан Гарос стигна до полуфиналето, а со тоа дојде до 9.525 бодови, додека втор сега е Карлос Алкараз со 8.580. Ѓоковиќ кој поради повреда се повлече од грен-слемот во Париз е трет со 8.360 бодови, четврти е Зверев со 6.885, Медведев, пети со 6.485…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѓоковиќ со минатата недела дојде до 428 недели на врвот на АТП, а во низа ја држеше лидерската позиција во последните 39 недели.
Со оглед на годината и формата која не е најдобра дел од јавноста смета дека Ѓоковиќ повторно нема да го видиме на врвот, меѓутоа никој секако не смее да го отпише Новак.