Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го прегази Рубљов за полуфинале, а таму ќе игра против најголемото изненадување!

Ѓоковиќ го прегази Рубљов за полуфинале, а таму ќе игра против најголемото изненадување!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одличен натпревар против Русинот Андреј Рубљов и славеше со 6-1, 6-2 и 6-4 за пласман во полуфинале на турнирот во Мелбурн.

Ѓоковиќ доминираше во првиот и вториот сет во кои Рубљов имаше сериозни проблеми и нервозата беше видлива во неговата игра, додека во третиот сет конечно заигра на повисоко ниво, но тоа не беше доволно против расположениот Србин.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Србинот играше одлично во третиот сет и го доби со 6-4 за да го потврди својот пласман меѓу најдобрите четири на Австралијан опен.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против најголемото изненадување на турнирот, Американецот Томи Пол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …