Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го победи Ѓере и постави нов рекорд!

Ѓоковиќ го победи Ѓере и постави нов рекорд!

Новак Ѓоковиќ дојде до нова победа на УС Опен откако го елиминираше сонародникот Ласло Ѓере.

Актуелниот олимписки шампион дојде до победата откако неговиот противник го предаде мечот кога Ѓоковиќ водеше со 2:0 во сетови. Првите два сета српскиот ас ги доби со по 6:4.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѓере во тие два сета го намачи Ѓоковиќ и прикаѓа сосема солидна игра, но потоа дојде до повреда.

Во следната рунда Ѓоковиќ игра против Алексеј Попирин. Со победата против Ѓере, Ѓоковиќ постави и нов рекорд станувајќи единствен тенисер кој има најмалку 90 победи на секој грен-слем турнир

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…