Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го елиминираше Басиашвили и се пласираше во 1/8 финалето во Рим

Ѓоковиќ го елиминираше Басиашвили и се пласираше во 1/8 финалето во Рим

djokovic

Српскиот тенисер и 18 рекет во светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/8 финалето од Мастерсот во Рима откако денес го порази Грузиецот Николас Басиашвили со 2:0 во сетови.

Новак пред два дена одигра одлично против Украинецот Александар Долгополов на кого му препушти само четири гејма, а денес се очекуваше нов добар настап. Ѓоковиќ не беше на тоа ниво, но сепак на крајот стигна до победата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поранешниот прв тенисер во светот се мачеше во првиот сет и се соочи со неколку брејк прилики на противникот. Имаше и Новак неколку брејк шанси во средината од првиот дел на играта, но до брејк стигна дури во десетиот гејм кога го доби првиот сет со 6:4.

Во вториот сет Србинот заигра многу подобро и направи два брејка кои му беа доволни за сетот да го добие со 6:2. Мечот траеше вкупно еден час и 18 минути игра.

Ѓоковиќ во 1/8 финалето ќе игра против Шпанецот Алберто Рамос-Винолас кој претходно го елиминираше Џон Иснер со 2:1 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…