Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ беше подобар пред пет-десет години, отколку денес“

„Ѓоковиќ беше подобар пред пет-десет години, отколку денес“

Вујкото на Рафаел Надал и поранешен тренер, Тони, во својата статија за угледниот „Ел Паис“ изјави дека квалитетот на тенисот е во пад, споредувајќи го Новак Ѓоковиќ тогаш и сега.

„На овој УС Опен дури половина од 32 носители беа веќе елиминирани во првите две кола, од кои три беа од најдобрите осум. Слично беше и во Канада и затоа дојдов до заклучок дека квалитетот на врвот десет беа подобри порано отколку сега. Беа и поконкурентни“, започна Надал.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според него, денешниот тенис повеќе се заснова на сила, што доведува до грешки.

„Разликата меѓу тенисерите од првиот ред и оние од вториот, да ги наречам така, сега е помала. Сега нивниот квалитет е подеднаков од кога било. Брзината на играта е зголемена, се прават повеќе грешки и речиси Невозможно е да се обезбеди врвно ниво во низа. Тоа го прават само Ѓоковиќ и Алкараз. Денешниот тенис е повеќе за силно удирање отколку за контрола на играта. На пример, во Синсинати гледав натпревар каде што имаше дури 135 неизнудени грешки. вистински срам“.

Во можеби најинтересниот дел од текстот го спореди светскиот врв од пред 10 години и сега.

„Можеме да кажеме дека Федерер и Алкараз како број 1 од тоа време и овој пат се изедначени. Но, Ѓоковиќ беше подобар пред пет или десет години од сега. Рафа ќе го надиграше Медведев, Мареј ќе беше подобар од Зверев, Вавринка од Руд Дел Потро би го победил Рубљов, а јасно е дека Ферер би го направил истото со Руне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во второто коло на Ролан Гарос

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ со победа го започна својот пат на овосезонскиот…