Aвстралиецот Алекс Де Минор се откажа од настапот на Вимблдон, па така Новак Ѓоковиќ без борба оди во полуфиналето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Де Минор денеска требаше да игра против Новак во четвртфиналето, меѓутоа се повлече од турнирот.
Причина за повлекувањето на австралискиот тенисер е повредата на колкот. Изгледаше загрижено Де Минор и по мечот од претходната рунда, но и беше оптимист дека ќе ги реши проблемите.
„Во ред е, ќе пронајдам начин“, искоментира кратко тогаш за неговата ситуација.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Мусети и Фриц. Првото полуфинале веќе е познато и во него ќе се сретнат Алкараз и Медведев.