Кошаркарите на Хјустон имаат 2:0 на почетокот на плеј-оф серијата против Оклахома откако вчера славеа со 111:98.
„Ракетите“ остварија уште една лесна победа, но неверојатно е што во вчерашниот натпревар имаа дури 56 обиди за три поени што е рекорд во НБА. Буквално секој од играчите без размислување шутираше на кошот кога ќе дојдеше до линијата за три поени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На крајот од тие 56 шута погодија 19 тројки, односно 33.9%. Најмногу постигна Џејмс Харден кој имаше 11 обиди, но погоди само две и натпреварот го заврши со 21 поен. Ерик Гордон се обиде 10 пати и сите 10 ги промаши.
Хаус Џ.Р осум пати погодуваше тројка, шест Грин, Меклемор и Риверс, П.Џ Такер четири, Конвингтон пет.