Во последните недели Златан Ибрахимовиќ го забавува фудбалскиот свет со најавите дека би можел да настапи на Светското првенство во Русија.
Голем број фудбалски фанови во светот ја одобруваат оваа идеја, бидејќи како што кажа самиот Ибрахимовиќ, „СП не е СП без Златан“. Но во Шведска оваа идеја на фудбалерот не беше дочекана со воодушевување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голманот на Шведска, Карл-Јохан Јохансон верува дека со враќањето на Ибрахимовиќ би се нарушила хемијата во тимот кој се пласираше на СП со историското исфрлување на Италија.
„Успеавме да се пласираме на СП и без него, па мислам дека можеме добро да одиграме во Русија и без него. Но, одлуката е на теренерот, тој ќе одлучи дали ќе го повика. Сигурен сум дека ако ни се придружи ќе игра добро“.
„Како тим, играме како колектив, сите заедно. Со Златан, како играч кој е индивидуалец, играта се врти околу него. Без него играме повеќе како тим. Стилот на игра на тимот се менува кога имате играч каков што е тој“, изјави Јохансон.