Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (30) не настапи против Ливерпул поради повреда.
Додека неговите соиграчи водеа битка на теренот, Гризман на ТВ го гледаше натпреварот и пишуваше статуси. Гризман смета дека Фелипе не заслужил исклучување после стартот над Мане.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Против сите и против секого“, напиша францускиот репрезентативец, алудирајќи веројатно на црвениот картон. Не застана тука, после натпреварот објави нов твит.
„На Енфилд е жолт“, напиша откако Диого Жота доби само жолт картон после високо подигната нога и опасна игра. За сличен таков старт Гризман во првиот натпревар заработи директен црвен картон.
После четири кола во групната фаза, Ливерпул е лидер во групата „Б“ со 12 бодови, Атлетико е трет со четири бода, Порто има пет на втората позиција, додека Милан е последен со еден бод.