Светските шампиони од 2014 година од поодамна не изгледале вака лошо на теренот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако на Мундијалот во Русија пристигнаа како едни од главните фаворити, сепак испаднаа уште во групната фаза, а нивниот кошмар продолжува и после Светското првенство.
Германците во Лигата на Нации освоија само еден бод од три натпревари, а вчера доживеаа нов пораз од Франција во Париз со 2:1.
Во последните четири натпревари Германија има само едно реми и три порази. Јужна Кореја, Холандија и Франција ги победуваа поранешните светски шампион, а единствениот бод го извлекоа на домашен терен против „Триколорите“ и тоа минатиот месец.
Ако гледаме подалеку, тогаш би виделе дека Германците запишале дури шест порази на последните 10 натпревари што секако е една од најлошите низи во историјата на оваа репрезентација.
https://www.youtube.com/watch?v=F01H52A_8_0