По сезона полна со перипетии, Лукаку летово се врати во Интер, но е далеку од формата со која играше во неговиот прв „мандат“ во Милано.
Белгиецот се врати во Челзи и конечно ја доби шансата што ја заслужува на „Стемфорд Бриџ“. Се очекуваше дека во редовите на „сините“ ќе јпродолжи со добрата форма од Интер, меѓутоа беше далеку од тоа. Сè кулминираше во декемвриското интервју во кое Лукаку јавно зборуваше за желбата да се врати во Италија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова лето Челзи му ја исполни желбата и го пушти во Интер на едногодишна позиција. Меѓутоа проблемите од Лондон за Лукаку продолжија во Милано.
Во шампионатот на Интер 2020/21, тој постигна 24 гола и 10 асистенции на 36 одиграни натпревари. Сезонава забележа настап на само 3 натпревари, со учинок од еден гол и една асистенција. Италијанските медиуми пишуваат дека во клубот биле изненади од тоа колку Белгиецот не е спремен.
Наводно, Лукаку е далеку од потребната форма и диетите засега не помагаат тој да биде физички на нивото на кое се бара.