Дома Фудбал Германија Што се случува со засилувањето на Баерн? Одигра само 20 минути во шест натпревари

Што се случува со засилувањето на Баерн? Одигра само 20 минути во шест натпревари

Баерн Минхен во зимскиот преоден рок го доведе крилниот напаѓач на Гранада, Брајан Сарагоса (22). Шпанецот на почетокот на 2023 година се придружи на Баерн и потпиша петгодишен договор со гигантот од Минхен. Тој требаше да пристигне во Баерн на лето, но поради повредите на Кингсли Коман и Серж Гнабри клубот ја забрза работата.

Трансферот вкупно изнесуваше 18 милиони евра, а Баерн доби 164 сантиметри висок офанзивец кој во првиот дел од сезоната постигна шест и асистираше за два гола. Во дресот на Гранада најмногу се прослави со двата гола против Барселона во првиот дел од сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Но, во Баерн работите не одат онака како што очекуваше и доби само 20 минути во изненадувачкиот пораз од Бохум. На натпреварите против Борусија Менхегладбах, Баер Леверкузен и Фрајбург воопшто не доби минутажа. Не играше ниту во првиот натпревар против Лацио во Лигата на шампионите.

„Билд“ пренесува дека слабата минутажа на Сарагоса е мистерија за навивачите на Баерн и не е јасно зошто Тухел не му дава шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Румениге пред реваншот против Реал Мадрид: Чувствувам еуфорија и тоа не ми се допаѓа

Во Баерн Минхен не сакаат да паднат во замката на преголема самоувереност и покрај преднос…