Лео Меси после 20 години ја напушта Барселона и како што стојат работите оваа недела ќе стане нов член на француски ПСЖ.
Откако во четвртокот беше најавено дека Меси нема да ја продолжи соработката со Барселона, ПСЖ веднаш се активираше и испрати понуда до Аргентинецот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пристигнувањето на Меси во Париз се очекуваше денеска. Стотина навивачи се собраа аеродромот за да го пречекаат, но на крајот тој не се појави во главниот град на Франција.
Причина зошто Меси сеуште не ја напушта Каталонија е едноставна. Лео не сака да патува додека сите детали не бидат договорени, а кога ќе се случи тоа со првиот авион ќе замине за Париз.
Што се однесува до преговорите помеѓу двете страни за сега се тече според планот и се договараат последните детали.
Dès que tout sera réglé, Lionel Messi prendra l’avion pour venir à Paris. En attendant, il a décidé de rester à Barcelone et de ne pas rejoindre la capitale tant que ce n’était pas fait à 100% #PSG https://t.co/89iRqW96jf
— Loïc Tanzi (@Tanziloic) August 9, 2021