Италијанските медиуми веќе со денови пишуваат за тоа дека Франческо Тоти ќе го напушти местото директор на Рома.
Тоти целата своја играчка кариера ја помина во дресот на римскиот клуб, а кога пред две години се реши да ја заврши кариерата остана во Рома како директор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, ситуацијата на „Олимпико“ не е добра, а тоа го покажуваа и шпекулациите дека најголемата легенда може да си замине. Имено, Тоти очекувал да го добие местото спортски директор после заминувањето на Мончи, но тоа нема да се случи.
Нов спортски директор на Рома веројатно ќе биде Џанлука Петраки додека на Тоти му е понудено да биде технички директор и на тој начин да соработува со него.
Но, очигледно Тоти ја одбил таа понуди и се огласи на Фејсбук и веројатно најави негово заминување, барем така изгледа пораката која ја остави.
„Во овој момент многу е кажано и напишано. Ќе се обидудам да ги откријам моите мисли и она што сакам да го направам. Наскоро ќе ви ја кажам мојата страна на приказната“, порача Тоти.