Додека во Иран траат протестите за правата на жените се случи нов скандал.
Спортистката Елназ Рекаби денес се најде на насловните страни во земјата откако наводно исчезнала. Рекаби го претставуваше Иран на Азиското првенство во спортско качување во Сеул во неделата, а денес никој не може да стапи во контакт со неа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Би-Би-Си“ објави дека никој не може да стапи во контакт со 33-годишната спортистика од понеделеникот. Имено, таа по натпреварувањето се вратила во хотелот заедно со сите останати и од тука и се губи секаква трага. Делегацијата на Иран утре треба да се врати во земјата.
Ќе потсетиме во Иран во овој период има масовни протести поради cмртта на 22-годишната Махса Амина која беше y6иена откако одбила да носи марама. Рекаби во центарот на вниманието се најде после нејзиниот настап кога изјави дека не сака да носи хиџаб.