Македонскиот капитен Горан Пандев утрово беше гостин во емисијата „Студио 10“ на „Телевизија 24“ и како никогаш до сега отворено зборуваше за проблемите кои одат зад репрезентацијата веќе некое време.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пандев изнесе зачудувачки детали од тоа дека претседателот Сејдини барал смена на Ангеловски откако завршивме трети во квалификациите (најдобар пласман на една генерација на Македонија) и пред дуелите со Косово и Грузија, па до премиите кои раководството на ФФМ си ги поделило.
Во интервјуто Пандев посочува и дека нема намера да влегува во трка за претседател на ФФМ, но дека е тука да помогне на македонскиот фудбал. Затоа што како што зборува македонската лига во овој момент е една најаматерските и најнаместените во светот.
Дефинитивно интервју кое вреди да се погледне – слушнете се што има да каже „Гранде Пандев“.