Дома Фудбал Англија Што се крие зад купувањето на Њукасл? Стана ли овој клуб играчка на човек со болни амбиции?

Што се крие зад купувањето на Њукасл? Стана ли овој клуб играчка на човек со болни амбиции?

Желбата на навивачите конечно ќе се исполни. После 13 години поминати во славниот англиски клуб, Мајк Ешли одлучи за 300 милиони фунти да продаде 80% од акциите на клубот на арапскиот принц и престолонаследник Мухамед Бин Салман.

Додека навивачите на Њукасл можат да слават за промената на сопствеништвото многу се прашуваат дали овој англиски клуб е само уште една играчка во рацете на арапски сопственик кој на тој начин го свртува вниманието од многу посериозни теми како што се кршење на човечките права, ширење глад…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминува неамбицизониот Ешли, доаѓа болно амбициозниот МБС (Мухаменд Бин Салман).

Ешли со години беше на мета на навивачите на Њукасл кои му замеруваа на неодовлно големите амбиции. Њукасл со својата голема база навивачи и „Сент Џејмс Парк“ кој е еден од најголемите англиски стадиони има право на високи амбиции. Сега навивачите можат да очекуваат враќање кон врвот затоа што каде и Арапите да дојдат трошат астрономски суми, а со нив доаѓаат и подобри резултати. Закана е само финансискиот фер-плеј.

Но, клучното прашање во овој момент не е што Мухамед Бин Салман ќе му донесе на Њукасл, туку зошто се одлучи да го купи англискиот премиерлигаш? Многумина сметаат дека на овој начин арапскиот принц сака да ги заташка критиките за кршење на човечките права.

Мохамед Бин Салман кого западните медиуми го нарекуваа МБС е арапски принц и ќе стане арапски крал кога еден ден неговиот 84 годишен татко Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд ќе го напушти тронот. Откако неговиот татко му ја даде титулата престолонаследник во 2017 година влијаението на МБС во Саудиска Арабија непрестано растеше. Денес е најмоќна фигура во таа земја.

За младите во Арабија тој е херој, но повеќе се оние кои тврдат дека се работи за човек спремен на се.

Најголема поддршка МБС има од младата популација која ги поддржува неговите идеи и бројни реформи. Неговиот најголем проект се нарекува „Визија 2030“ и со тој проект сака да ја промени економијата во Саудиска Арабија и оваа земја да стане се помалку зависна од производството на нафта.

Тој има за цел да ја зголеми туристичката понуда и да привлече странски инвеститори, а на тој пат се вложувањата во спортот и реформите кои ги воведува. Организира разни спортски манифестаци и во својата земја и купува фудбалски клубови. Кога во прашање се реформите, ја укина забраната за работа на кината, им дозволи на арапските жени да возат автомобили и без машка придружба да изнајмат хотелска соба, такво нешто претходно беше незамисливо. Исто така им дозволи на паровите кои не се венчани да си изнајумаваат соба, претходно и тоа не беше можно без потврда за брак.

„Прашајте било која млада личност во Саудиска Арабија и ќе ви каже дека тој е херој. Ги сакаат друштвените и културни промени кои ги направи“, пишува „Би-Би-Си“.

Тие реформи му помагаат во изградба на репутација, а во тоа му помага и неговото се поголемо влегување во спортот. Доказ за тоа колку е амбициозен не е само купувањето на Њукасл туку и организирањето на боксерски спектакл минатата година кога Ентони Џошуа во реваншот го совлада Енди Руиз и ја врати титулата светски шампион. Откако тој се појави Саудиска Арабија организираше трки во Формула Е, беше организатор на борби во ВВЕ, таму се играа фудбалските суперкупови на Италија и Шпанија.

„Визија 2030“ како параван за нечисти работи?

Луѓето кои работат за принцот објаснуваат дека популаризацијата на спортот е водена со идеја луѓето во Саудиска Арабија да се активираат.

„Сакаме луѓето повеќе да се посветат на спортот. Во 2015 година имавме само 13% Саудијци кои спортуваат. Сакаме во 2030 тој процент да биде 40%. Тоа е дел од нашата програма да ги активираме луѓето“, изјави човекот кој го води проектот Абдулазиз Бин Турки Ал Фаисал.

Реформите му го олеснуваат патот кон модернизација на земјата и зголемување на популарноста меѓу жителите, а големите вложувања во спортот му помагаат да добие меѓународна репутација. Сепак, тоа е само една страна на приказната. Другата страна зборува дека неговите намери не се племенети и дека не се онакви какви што се претставуваат на јавноста.

„Властите во Саудиска Арабија сакаат да го исперат нарушениот меѓународен углед“, тврдат  од „Емнест Интернационал“ споменувајќи го ликвидирањето на новинарот Џејми Кашоги. Се пишува уште за кршење на човечки права, војната во Јемен и преголемиот број смртни казни.

Неговата најголема дамка е токму ликвидирањето на Кашоги, Арап кој живееше во САД и пишуваше за „Вашингтон Пост“, како и војната во Јемен каде што животот го загубиле илјадници цивили и каде што 14 милиони луѓе стравуваат од глад.

ЦИА објави дека МБС наредил да го снема Кашоги. Во декември 2018 година само два месеци после смртта на Кашоги Ѓоковиќ и Надал требаше да одиграат егзибициски натпревар во Саудиска Арабија и се најдоа под голем број критики.

На конференцијата за медиумите двајцата тенисери кажаа дека мечот бил договорен претходно, а можеше да се види и дека им е непријатно. На крајот тој меч се откажа поради повредата на Надал на зглобот.

Колку МБС е сериозен во намерата да биде апсолутен господар во својата држава покажува што неодамна уапси четири принца меѓу кои беа неговиот чичко Ахмед Бин Абдулазис и неговиот роднина Мохамед Бин Најеф. Слично направи и кога во 2017 година нареди апсење на стотина принцови, министри и бизнисмени, наводно во рамките на борбата против корупцијата.

„Од Олимписките игри во Кина до Светското првенство во Русија и Катар, финалето во ЛЕ во Азербејџан и Формула 1 во Бахреин и Абу Даби земјите домаќини беа обвинувани дека го користат спортот за да ја подобрат својата репутација и да го свртат вниманието од темите за човечките права“, пишува „Би-Би-Си“.

Њукасл после ова изгледа како една играчка во рацете на еден од оние кои светот го прават полошо место за живеење. Изгледа дека клубот чиј навивачи се противеа на претседателот поради недоволно големите амбиции добија газда со огромни, но и опасни амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…