Дома Фудбал Што им кажал Мурињо на неговите играчи на полувремето против Јувентус?

Што им кажал Мурињо на неговите играчи на полувремето против Јувентус?

Португалецот има свое гледање на натпреварот во Торино.

Вчерашните натпревари од Лигата на шампионите беа обележани со средбата помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед во кој англискиот клуб славеше победа од 2:1 со головите во финишот од натпреварот.

Голема прашина крена Жозе Мурињо кој после последниот судиски свиреж одговори на провокациите на домаќините и во тие моменти малку недостасуваше за поголем судир.

Португалецот на прес-конференцијата после натпреварот потенцираше дека такво нешто не би направил со ладна глава, а заборуваше и за натпреварот.

„На полувремето на моите играчи им кажав дека натпреварот не е лесен, го знаеа тоа и пред почетокот. Имавме игра и не смеевме да изгубиме. Големо е задоволството да се победи на ваков начин со храбар пристап на моите момци“.

„Оваа сезона игравме против двата најдобрите тим на гостински терен – против Челзи и Јувентус. Игравме добро и сакав сите да имаат чуство дека Јунајтед може да победи во тие натпревари“, заклучи Мурињо.

Многумина нема да се сложат со оваа изјава на Португалецот бидејќи во поголемиот дел од натпреварот изгледаше дека Јувентус ја има контролата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Торонто без плејоф, Филаделфија со јасна цел: победа за директен пласман

Торонто ги загуби шансите за плејофот, но неговото гостување има големо значење за Филадел…