Дома Фудбал Англија Што изјави Мурињо во 2004 година за резултатот 5:4?

Што изјави Мурињо во 2004 година за резултатот 5:4?

Тотенхем на „Гудисон Парк“ вчера беше поразен од Евертон со 5:4 во еден неверојатен натпревар.

Одбраните во овој меч како да ги немаше. Се играше отворено, на крајот Евертон со голот во продолженијата дојде до победата која ги одведе во наредниот круг од ФА Купот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо во минатото беше познат по интересни изјави за случувањата на нтеренот. Така во една прилика во 2004 година го спомена резултатот 5:4 и имаше интересно гледање на ситуацијата.

„Кога играме три на три на тренинг ако резултатот биде 5:4 ги испраќам играчите во соблекувалната бидејќи тоа значи дека не играле добро во одбраната. Таков резултат во натпревар 11 на 11 е срамен“, изјави Жозе во далечната 2004 година.

„Специјалниот“ уште од тогаш беше познат по цврстиот и дефанзивен стил на игра кој му донесе европска титула со Порто, но и уште бројни успеси во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …