Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Што значеше црната наметка која Катарците му ја подарија на Меси?

Што значеше црната наметка која Катарците му ја подарија на Меси?

Вчера Аргентина ја победи Франција во финалето и ја освои толку посакуваната светска титула, а при доделувањето на пехарот вниманието на јавноста го привлече црната наметка која емирот на Катар, Тамим ибн Хамад Ал Тани му ја подари на Меси.

По реакцијата можеше да се види дека Меси прво не сфати како се носи, па потоа му беше покажано и со неа го крена трофејот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Станува збор за наметка која го носи името бишт и се носи преку таканаречната гандура, традиционална зимска облека во Катар.

Бојата на оваа наметка може да биде црна или кафена. Некогаш е извезена и со златна боја што означува дека лицето што ја носи е од благородничко семејство.

Вообичаено се изработува од влакна од камила, а мажите ја носат во посебни прилики: Свечени приеми, прослави, церемонии, свадбени веселби…

Бишт кој го носеше Меси беше ист со оној на емирот од Катар и тоа за оваа држава има голема важност.

Затоа што ова беше најважниот момент во историјата на Меси и сите кои некогаш ќе ги гледаат овие фотографии ќе се потсетуваат и на државата Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…