Шпанците го запознаа Енис Барди како мајстор за слободни удари, меѓутоа во последно време Барди како да ја нема магијата во нозете во Ла Лига.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Леванте го доведе Барди од Ујпешт за сума од 1.5 милион евра , а тој на самиот старт блесна најмногу се истакна со маестралниот удар и одлично изведените слободни удари. Во својата прва сезона Барди имаше пет постигнати гола од слободни удари, Меси беше пред него со еден повеќе. Против Атлетик Билбао постигна и два во период од 124 секунди.
Но, таа магија на Барди како да исчезна. Веќе 13 месеци Барди е без гол од слободен удар.
„Од кога Барди дојде во Шпанија до лани до октомври постигна шест гола од 22 слободни удари. Од октомври до денес изминаа 13 месеци, а Барди го нема. Изведе 20 слободни удари и не постигна ниту еден гол. За разлика од Барди, Меси во последно време маестрално ги изведува прекините“, пишуваат медиумите во Шпанија.
Инаку, вчера Леванте запиша тежок пораз од Гетафе (0:4).