Дома Топ вести Што всушност се случува со Кристиано Роналдо?

Што всушност се случува со Кристиано Роналдо?

Реал Мадрид синоќа со 5:1 ја победи Легија во ЛШ, а ниту еднаш во листата на стрелци не се запиша Кристиано Роналдо, со што ја потврди својата лоша форма.

Минатата сезона за Португалецот беше како од соништата – со „кралевите“ повтрно ја покори Европа, а со Португалија го освои Европското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина сметаа дека оваа сезона ќе продолжи во истиот ритам, но повредата во финалето на ЕУРО остави трага, иако тој тоа не сака да го признае.

Се очекуваше токму против Легија, тим кој може да послужи за поправање на гол разликата, Роналдо да го постигне својот 100-ти погодок во европските натпреварувања, но не успеа иако имаше девет шанси. Од нив само два шута завршија во рамките на голот.

Статистиката исто така не му оди во прилог, бидејќи постигна само еден гол на последните 13 натпевари за Реал Мадрид.

Зидан призна дека очекува многу повеќе од него, па сите се надеваат дека Роналдо ќе ја поправи статистиката веќе следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…