Дома Фудбал Лига на шампиони Што англиските финалиња значат за местото во ЛШ наредната сезона?

Што англиските финалиња значат за местото во ЛШ наредната сезона?

Возбудувањата во полуфиналињата се завршени. Ги добивме финалистите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а за прв пат во иста година во двете натпреварувања имаме четири финалисти од иста земја – Англија.

Ливерпул и Тотенхем на 1-ви јуни во Мадрид ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите, додека нешто порано на 29-ти мај Челзи и Арсенал во Баку ќе играат за пехарот во Лигата на Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Победниците во двете натпреварувања имаат загарантирано место во Лигата на шампионите наредната сезона, а со тоа се поставува прашањето кое во овие моменти ги интересира на Островот. Што англиските финалиња значат квалификување во Европа наредната сезона преку Премиер лигата?

Вообичаено најдобрите четири клуба од Премиер лигата одат во групната фаза од Лигата на шампионите, додека освојувачите на ФА Купот, Лига Купот и петопласираниот тим одат во Лигата на Европа.

Доколку освојувачите на куповите завршат во топ 4 во првенството, места во Лигата на Европа добиваат шестопласираниот и седмопласираниот тим.

Но, оваа сезона освојувачот на Лига Европа и Лигата на шампионите ќе бидат од Англија. Што значи тоа, ќе добијат ли Англичаните дополнително место во Лигата на шампионите?

Англија ќе добие петти клуб во Лигата на шампионите само доколку екипата која во Премиер лигата заврши под четвртата позиција освои некое од овие натпреварувања.

Арсенал многу веројатно сезоната ќе ја заврши на петтата позиција на табелата во Премиер лигата (можеби и на шестата). Тоа значи дека Арсенал мора да ја освои Лигата на Европа ако сака да игра во Лигата на шампионите наредната сезона.

Во развој кој е помалку реален, Тотенхем да заврши петти, тимот на Покетино би морал да ја освои Лигата на шампионите за да игра во најелитното европско натпреварување наредната сезона.

Во спротивно од петото место ќе во Премиер лигата ќе одат во Лигата на Европа.

Што ќе се случи ако некоја од екипите ја освои ЛШ или ЛЕ и заврши во топ 4 во Премиер лигата?

Ливерпул и Челзи сигурно ќе завршат во топ 4 во Премиер лигата, додека Тотенхем треба да го обезбеди своето место во последното коло.

Доколку некој од овие клубови дојде до европски трофеј неговото место во ЛШ од Премиер лигата нема да биде пренесено на клубот подоле на табелата. Нема да се отвори шанса петтата позиција да одведе англиски тим во ЛШ.

Значи Арсенал не може да заврши петти, да изгуби во финалето во ЛЕ и наредната сезона да избори место во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…