Дома Фудбал Италија Штотуку пристигна во Милан и повторно каде е Бонучи таму се и проблемите

Штотуку пристигна во Милан и повторно каде е Бонучи таму се и проблемите

Јасно е дека постои љубимора, но и одреден анимозитет, но дали ќе се инсистира на она што е ветено?

Проблем веќе настана уште на самиот почеток, а во прашање е бројот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, според некои информации Леонардо Бонучи го побарал бројот „19“, луѓето во Милан му го ветија, како и капитенската лента во желба да не пропадне договорот.

Јасно е, дека потребен им е лидер, Лео навистина е засилување на летото, но со неговите барања стигнаа и првите проблеми.

Бројот е зафатен и му припаѓа на Френк Кеси кој пристигна од Аталанта, односно него тој број го врзува за неговиот татко кој починал на тој датум.

Покрај тоа, многумима во соблекувалната се изненадени од одлуката Бонучи да ја добие капитенската лента бидејќи беше симбол на Јувентус, а и неговата плата е многу поголема од останатите играчи, ќе заработува 7 милиони повеќе од вториот најплатен.

Проблемот изби пред вчерашниот пријателски меч, велат дека Кеси полудел кога ја видел 14. на својот дрес, веднаш побарал објаснување, но за да избегне проблеми, клубот веднаш направил „19“, јасно тек допрва следува реакцијата на Бонучи кога ќе биде во тимот.

Секако, ако инсистира тука нема дилема дека ќе го добие тој број, но многумина потсетуваат на ситуацијата во 20078. година кога во Милан пристигна Роналдо.

Кога сите очекуваа да ја побара „деветката“, тој истакна дека и припаѓа на Инзаги и не му паѓа на памет да прави проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…