Дома Македонски спорт Мак ракомет Штербик и Карачиќ во тимот на колото

Штербик и Карачиќ во тимот на колото

Двајца ракометари на Вардар по блескавата победа над европскиот првак Кјелце 40-34, ЕХФ ги избра во најдобриот тим на шестото коло во Лигата на шампионите.

Арпад Штербик е најдобар голман, а Игор Карачиќ најдобар среден бек во ова коло, а блиску до идеалните седум беа и Алекс Душебаев, односно Тимур Дибиров.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инаку вардаровиот голман, во шестото коло, ја има и најдобрата интервенција.

Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)
Десно крило: Маруис Штајнхаусер (Рајн Некар)
Пикер: Хулен Агиналгалде (Кјелце).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…