Дома Македонски спорт Мак ракомет Штербик ги израдува навивачите на Вардар – Следната година се враќам во Келн!

Штербик ги израдува навивачите на Вардар – Следната година се враќам во Келн!

Голманот на РК Вардар, Арпад Штербик нема во план да се пензионира откако стана шампион на Европа со Вардар денеска, напротив, тој изјави дека и следната сезона ќе се врати во Келн.

Споменатиот шпански голман е најзаслужниот за освоениот голем трофеј на Вардар, односно за победата над Барселона во полуфиналето и победата над ПСЖ во финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арпад Штербик го доби признанието за МВП на Ф4, а покрај тоа што има 37 години, тој вели дека не размислува за пензија и дека следната година ќе се врати во Келн.

„Многу сум среќен. Едно е да дојдете на фајнл-фор како фаворит, а сосема друго е со тим како Вардар, кој е аутсајдер и дебитант во Келн. Секогаш велев дека е потешко да се стигне на Ф4 отколку да се стане шампион. Три години се бориме за влез на фајнл-форот”, изјави голманот.

„Им честитам на моите соиграчи, одигравме како што треба и сите го дадовме максимумот. Мислам дека нашата најсилна страна е колективот и секако тренерот Раул Гонзалес. Многумина велат дека кариерата треба да се заврши кога сте на врвот, но јас сакам повторно да се вратам во Келн”, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…