Дома Топ вести Шпанците тврдат: „Разгалениот“ Мбапе барал од Анчелоти да ја промени тактиката

Шпанците тврдат: „Разгалениот“ Мбапе барал од Анчелоти да ја промени тактиката

Фанцускиот голгетер Килијан Мбапе според последните информации од шпанските медиуми не бил задоволен од тактиката која ја практикува Карло Анчелоти во Реал Мадрид.

Наводно, Мбапе имал забелешки на неговата позиција на теренот и начинот на кој игра тимот. Французинот преферирал да игра како крилен напаѓач место како центарфор.

Реал Мадрид се соочува со сериозни предизвици сезонава, а лошите изданија кулминираа со поразите од Лил и Милан во Лигата на шампионите и тешкиот пораз од Барселона во „Ел Класико“.

Ваквите резултати ја отежнуваат позиција на Анчелоти, па така се пишуваше и дека неговата позиција повеќе не е толку сигурна.

Се додава и дека Мбапе ја бара од Анчелоти слободата во играта на теренот која ја имаше во Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…