Дома Фудбал Шпанците тврдат: Винисиус се заканил дека нема да игра за Реал Мадрид

Шпанците тврдат: Винисиус се заканил дека нема да игра за Реал Мадрид

Грешка на администраторите на социјалните мрежи на Реал предизвикала мала криза во мадридскиот клуб. Поради превид при една од објавите на Инстаграм, наводно се ескалирало до тој степен што Винисиус Јуниор се заканил дека нема да игра повеќе.

Како што пишуваат шпанските медиуми, станува збор за објава која по неполн час од објавувањето била отстранета од Инстаграм. Администраторот веројатно ненамерно објавил фотографија на која Винисиус го бакнува грбот на дресот, но со „стикери“ под објавата на која се гледа еволуцијата од мајмун до човек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таа налепница е всушност логото на израелско диџејско дуо, а на неа еволуцијата завршува со претставување на диџеј. Претпоставката во шпанските медиуми е дека тој непромислен потег го налутл бразилскиот напаѓач, кој редовно е мета на расистички навреди во натпреварите на Реал Мадрид.

Ситуацијата која се случила пред околу две недели (пред натпреварот против Валенсија) го налутила Винисиус до толку што тој наводно побарал да интервенира директорот на клубот Хозе Ангел Санчез и најавил дека нема да игра против Валенсија кога сепак настапи и беше стрелец на два гола во ремито 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…