Aнсу Фати важи за голема надеж на Барселона и Каталонците сигурно не сакаат да го изгубат.
Се шпекулираше за иднината Фати дека го сакаат други клубови меѓутоа во Барселона не им паѓа на памет да се откажат од својот „бисер“. Во овој момент 18 годишниот Фати има договор до јуни 2022 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега „Мундо Депортиво“ весник кој важи за близок до Каталонците пренесува дека Барселона му нуди нов договор на Фати со важност до 202 година. Финансиските услови од понудата засега не се откриени.
Во акутелната сезона Фати за Барселона одигра 10 натпревари, постигна пет гола и запиша четири асистенции.
Неговиот учинок сигурно ќе беше поголем ако не беше повредата на менискусот од која се опоравува во овој момент.