Барселона повеќе не изгледа на тимот кој се навикнавме да го гледаме.
Изгледа дека Баскиецот е под притисок од кога дојде во Каталонија, барањата за негов отказ почнаа од натпреварот на „Олимпико“ кога Рома ги исфрли од Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Елитното натпреварување се покажа како проблем и минатата година Барселона после победата во првиот натпревар доживеа потоп на „Енфилд“.
Вчера беше доживеан неуспех и против Славија која остана непоразена на „Камп Ноу“, па Каталонците се уште не го обезбеидја пласманот во наредната фаза, а ги очекуваат натпревари против Интер и Борусија Дортмунд.
Низ шпанските медиуми се пишува дека на Валверде нема да му биде продолжен договорот, но сепак би требало да ја изнесе сезоната до крајот.