Во изминатиот период се појавија најави дека Енис Барди може да направи голем трансфер во Милан, меѓутоа како што сега стојат работите тоа нема да се случи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нема да премине во Милано, но сепак и понатаму постојат големи шанси да ја промени средината. Очекувањата, барем според она што се пишува во Шпанија е да остане во Ла Лига.




Најсериозен кандидат за потписот на Барди во овој момент Селта Виго, клуб кој сака да му понуди солидни примања за да го ангажира во своите редови. Покрај Селта тука е и Реал Бетис.




Ако навистина Барди заминува од Леванте во овој преоден рок, тогаш многу брзо ќе дознаеме кој клуб ќе биде негова наредна дестинација затоа што преодниот рок е отворен до крајот на месецот.