Дома Топ вести Шпанците откриваат: Милан прв се обидел да го донесе Роналдо

Шпанците откриваат: Милан прв се обидел да го донесе Роналдо

Кристиано Роналдо ова лето после цели девет сезони реши дека е време за нов предизвик во кариерата, па многумина се изненадија што се одлучи за дресот на Јувентус.

Со месеци низ медиумите се шпекулираше дека Роналдо може да заврши во Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои беа најзаинтересирани за неговиот потпис.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Поради тоа неговиот трансфер во Јувентус беше големо изненадување, а угледниот весник „Марка“ пренесува дека Портуаглецот можел да заврши во Италија, но во друг дрес.

Имено, мадридскиот весник пишува дека прв клуб кој испратил официјална понуда за Роналдо е Милан, кој понудил 150 милиони евра.

„Росонерите“ наводно биле во интензивни преговори со неговиот менаџер Жорге Мендеш, но Роналдо едноставно одбил да се пресели на „Сан Сиро“ поради неможноста да игра во Лигата на шампиони со Малан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Саутегјт откри од што не е задоволен во играта против Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт истакна дека е задовол…