Фудбалерите на Барселона во неделата на гости го победија Бетис со 3:2 во натпревар од 22. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб после пресврт успеа да дојде до важни три бода и се приближи до Атлетико Мадрид, а еден од хероите беше португалскиот играч Франсиско Тринкао кој го постигна победничкиот гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Тринкао ова беше прв гол во Ла Лига и конечно му и се исплатеше на Роналд Куман што упорно му даваше шанса на Португалецот.
Каталонскиот „Спорт“ сега објави дека Лионел Меси пред самиот гол му дал многу важен совет. Имено, пред голот Тринако беше во добра позиција, но одлучи топката да ја додаде до Меси.
По таа ситуација Меси дошол до Португалецот и го советувал да не се обидува на сила да му ја додаде топката туку да шутира ако има подобра пшанса. Набрзо по тој момент Тринако го постигна својот прв гол во дресот на Барселона за важни три бода.