Дома Топ вести Шпанците знаат кој ја освојува „Златната топка“

Шпанците знаат кој ја освојува „Златната топка“

На крајот на октомври на церемонија во Париз ќе биде доделена „Златната топка“ на најдобриот фудбалер во претходната сезона, а шпанска „Марка“ пишува дека тоа ќе биде играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Денеска Винисиус е на насловната страница на „Марка“, која покрај фотографијата на Бразилецот додаде – „Сите патишта водат кон злато“.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Според Шанците, Бразилецот заслужи да биде најголема ѕвезда на доделувањето на Златната топка на 28 октомври, иако не му беше лесно да дојде до фудбалскиот врв.

Како главни конкуренти на Винисиус се: Џуд Белингем, Дани Карвахал и Родри, но „Марка“ е убедена дека Бразилецот ја победил конкуренцијата.

Винисиус му се приклучи на Реал Мадрид во 2018 година. Со „кралевите“ три пати ја освои Ла Лига и два пати Лигата на шампионите.

Има еден Кралски куп, три шпански Суперкупа, а два пати го освои Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…