Eнис Барди во викендот кој е зад беше еден од најзаслужните за победата на Леванте против Еспањол од 1:3.
Барди беше стрелец за вториот гол на Леванте кога неговиот тим поведе со 1:2. Тоа за македонскиот репрезентативец беше 15-ти гол во дресот на Леванте. Шпанските медиуми забележаа еден интересен статистички податок – кога Барди дава гол Леванте не губи!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Барди е синоним за непобедливост“, гласи насловот на „Супердепорте“.
Освен тоа веќе осум натпревари во низа кога Барди дава гол Леванте победува. Додека вкупниот учинок на Леванте кога Барди дал гол е девет победи и три нерешени во 12-те натпревари во кој тој се запишувал во листата на стрелци.
Во изјава за нашиот сајт Барди по натпреварот потенцираше дека е среќен поради голот по враќањето, но дека за него најважни се победите на тимот.
„Среќен сум за голот. Најважно е што тимот играше добро, одлично се чуствувавме на теренот. Тоа е најважно. Треба да продолжиме вака и да освоиме што повеќе бодови“, ни изјави Барди.
Bardhi! ???⚽ pic.twitter.com/Rgs6Qpb3KQ
— Stefan (@StefanDaskalov) June 20, 2020