Дома Топ вести Шпанците го избраа најдобриот на сите времиња, Меси е четврти!

Шпанците го избраа најдобриот на сите времиња, Меси е четврти!

Шпанскиот институт за фудбалска историја и статистика направи опсежно истражување за тоа кој е најдобриот играч во историјата на Примера, со почеток од сезоната 1928/29 па се до денес.

За најдобар на сите времиња беше избран легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалез. На второ место се најде Цезар Родригез, легенда на Барса од 40-те и 50-те години, дедека третото место му припадна на Телмо Зара, култниот голгетер на Атлетик Билбао.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Истражувањето беше правено според индивидуалниот учинок на поедини играчи, па се водеше сметка за многу статистички параметри како што се постигнати голови, број на настапи, број на минути поминати на теренот, па дури и автоголови и црвени картони кои носеа негативно поени.

По многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Лео Меси е најдобро пласиран од сите активни фудбалери и се наоѓа на четвртото место, додека Кристиано Роналдо е дури на 23-то место. Давид Виља е 32-ри, Чави Хернандес на 49-то место, а Икер Касиљас на 62-ро место.

Секако, ваквата статистика ги валоризира напаѓачите кои долго време играле во шпанската лига!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Солзите на Винисиус не биле вистински: Се работело за сценарио за филм!

Винисиус Жуниор го привлече вниманието на медиумите со настапот на прес-конференцијата пре…