Големи реакции во јавноста има поради вчерашниот признат гол на Манчестер Сити против Реал Мадрид за изедначување.
Топката непосредно пред голот на Де Брујн го напушти теренот, па и Карло Анчелоти (тука) отворено изјави дека за него тој гол е нерегуларен. Сепак, за „Марка“ стручно мислење даде шпанскиот судија Итуралде Гонзалес кој објасни зошто ВАР не можел да се вклучи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според Гонзалес топката излегува надвор во акција претходно затоа што Камвига го вратил поседот, па ја изгубил и ВАР не може да реагира за акција од која не е постигнат гол.
„Да топката излезе во аут, но таа акција не се важеше затоа што Реал преку Камвинга го врати поседот, па ја изгуби топката. Тогаш Сити започна нова акција, поради тоа ВАР не можеше да се вклучи во проверката на голот. Друго ќе беше ако Камвинга не играше со топката и не ја прекинеше акцијата, тогаш судијата ќе можеше да гледа ВАР“, објасни Гонзалес.