Фудбалската емисија „Ел Чирингуито“ која е една од најценетите и најпознатите во Шпанија, објави дека Катарците би можеле да го продадат ПСЖ.
Сопственик на клубот од 2011 година е фирмата „Катар Спортс Инвестментс“ основана 2005 година, а со клубот управува претседателот Насер Ал-Келаифи. Од преземањето на клубот од страна на катарскиот богаташи целта стана од ПСЖ да се направи европска велесила.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ доминираше во Франција, посакуваа и во Европа, но во Европа не успеаа да ги остварат своите планови, Лигата на шампионите засега за Катарците остана недостижна. Токму неисполнувањето на таа главна цел е една од причините.
Уште еден проблем е иднината на Килијан Мбапе, кога се ќе се собере може да доведе до сензационални промени во Париз.
„Одлуката на Катарците е да го продадат ПСЖ после Светското првенство. Ал Келаифи ќе биде надвор од ПСЖ“, изјави новинарот Еду Агире во споменатата емисија.
Меѓутоа треба да се спомене дека по неговата изјава во францускиот „Л’Eкип“ беше објавено дека нема да има никаква продажба на ПСЖ. Останува времето да покаже кој е во право.