Дома Трансфер зона Шпански новинар открива: Реал за Бејл одбил понуда за нов светски рекорд!

Шпански новинар открива: Реал за Бејл одбил понуда за нов светски рекорд!

bale

Рекордот би бил соборен но…

Герет Бејл пред само неколку месеци беше на излезни врати од мадритски Реал, а веќе денес многумина во него гледаат како лидер на новиот Реал предводен од Лопетеги.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако постигна два гола во финалето од Лигата на шампионите и така практично го обезбеди трофејот за „кралевите“, Велшанецот истакнуваше дека не е задоволен од ситуацијата и минутажата во клубот.

Таа ситуација се обидуваше да ја искористи Манчестер Јунајтед. Деенс шпанскиот новинар Едуардо Инда открива каква понуда Реал одбил од „ѓаволите“.

Наводно клубот од „Олд Трафорд’ бил спремен да испрати понуда која доколку била прифатена би била нов светски рекорд – 250 милиони евра! Покрај тоа Велшанецот можел да заработува 25 милиони евра по сезона.

Едуардо додава дека Бејл побарал од Реал понудите да бидат разгледани, но во тој момент Зинедин Зидан кој беше најголемиот „проблем“ на Бејл во Мадрид си поднесе оставка. Потоа клубот го напушти и Кристиано Роналдо кој премина во Јувентус, па Бејл автоматски се издвои нов лидер.

Поради тоа тој одлучил да не го притиска клубот за прифаќање на понудите и остана во Мадрид, со што ако судиме по стартот на сезоната донел добра одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …