Серхио Агуеро ќе биде најмалку три месеци надвор од фудбалот откако му беше потврден срцева аритмија, во наредниот период ќе се утврдува од каков вид е и поради што се појавила.
Игнасио Фернандез Лопез, шпански кардиолог за „Марка“ посочи дека аргентинската ѕвезда е во најдобри раце и дека случајот со Агуеро не е ист како оној со Ериксен кој колабираше на Европското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не знаеме уште од каков вид е срцевата аритмија, мене не ми изгледува дека е вентикуларна. Веројатно се работи за супервентикуларна која не е пронајдена на претходните прегледи. Ако се знае дека ја имал 14 дена претходно значи дека не е нешто премногу сериозно“, изјави Лопез.
Агуеро против Алавес беше заменет пред крајот на полувремето откако се пожали на отежнато дишење и болки во градите.