Дома Фудбал Шпанските судии се налутија: Ла Лига може да биде прекината!

Шпанските судии се налутија: Ла Лига може да биде прекината!

Шпанските фудбалски судии се спремни да стапат во бојкот и така да го запрат натпреварувањето во Ла Лига, објави „Кадена Коп“. Одлуката се уште не е донесена, но тоа може да се случи многу брзо.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Судиите се спремни на ваков радикален потег по низата вербални и физички напади кои ги трпат во последно време.

Судијата Антонио Позо беше физички нападнат по натпреварот на У19 тимовите Полиаса и Калвере. Тој бил турнат на земја и удиран додека лежел на тревата .Наводно во нападот учествувал и еден родител на млад фудбалер.

Шпанскиот фудбалски сојуз го осуди тој напад и повика на акција со цел да се дискутира за проблемите на судиите. Меѓутоа, само еден ден по тој инцидент лошиот тренд го продолжи директорот на Валенсија, Хавиер Солис.

Солис по поразот на Валенсија од Севиља жестоко ги навредуваше арбитрите на тој дуел и сега веројатно го чека казна.

Како резултат на ваквите реакции, а судиите се убедени дека во Шпанија се води кампања против нив, па затоа се спремни на бојкот. Останува да се види дали навистина може да дојде до прекин на фудбалот во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стивен Џерард е пред враќање во Англија!

Барнли остана без тренер откако беше постигната заедничка согласност за раскин соработката…