Дома Топ вести Шпанија ја тресе нов скандал: Перез заклучил судија – објавена и снимка од нивна расправија!

Шпанија ја тресе нов скандал: Перез заклучил судија – објавена и снимка од нивна расправија!

Додека во центарот на вниманието во Шпанија е скандалот со наводна корупција на Барселона се појави нов, а сега во главна улога е првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез.

Поранешниот судија Едуардо Итуралде Гонзалес кој денес работи како аналитичар во Кадена СЕР зборува за сериозен инцидент во кој Перез половина час го држел заклучен во соба. Инцидентот кој го наведе како Перез вршел притисок се случил по натпревар против Депортиво Ла Коруња во сезоната 2010/2011.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај тоа што Реал тој натпревар го добил со 6:1, Перез имал што да му каже на Итуралде.

„Телевизиите и медиумите треба да функционираат на еден начин, ако си новинар дали треба да истражиш кој ме повикал во посебна просторија? По победата од 6:1 против Депортиво, натпреварот заврши ,го напуштам теренот и се поздравувам со моите помошници.

Еден човек ме носи во собата за судии и ми кажува: Сакам да ни судиш како што и судиш на Барса. Го прашав дали се шегува, ми одговори дека разговорот е завршен. Ме заклучи во собата половина час. Техничкиот комитет на судиите знаеше за ова, пријавив затоа што изгледаше навистина сериозно, но ништо не се случи. Човекот што ме внесе во собата беше Флорентино Перез, не морам да кријам. Има извештај, слободно може да се изтражи“, изјави Гонзалес за шпанските медиуми.

Веднаш по оваа изјава на Итуралде Шпанците потсетија и на една расправија од 2013 година која ја имал Перез со Итуралде на шпанска телевизија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…