Дома Останати Ракомет Шпанија ја доби ослабената Германија, Франција не дозволи изненадување со Холандија

Шпанија ја доби ослабената Германија, Франција не дозволи изненадување со Холандија

Франција без проблеми се справи против Холандија и запиша нова голема победа од 34:24, додека ослабената Германија изгуби од Шпанија со 23:29.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франција уште од самиот старт отвори со 5:0 и покажа дека нема да дозволат изненадување. Но Холандија, не се откажа, па успеа да се врати на 12:12. Сепак, тогаш следуваше клучната серија од 7:0 и Франција поведе од 19:12. До крајот разликата на Франција стигна и до 10 гола разлика. Најефикасен во редовите на Франција беше Мине со сум гола, додека Смитс постигна четири кај Холандија.

Германија која има големи проблеми со коронавирусот не издржа против Шпанија. Германците од почетокот на првенството имаат 12 позитивни играчи, дополнително повикуваа и нови. Денес со Шпанија беа рамноправни само едно полувреме.

Во второто полувреме блесна и Перез Де Варгас кој собра 15 одбрани, па Германија немаше шанси и запиша пораз од 23:29. Македа постигна шест гола кај Шпанија, Зикер беше стрелец на четири за Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…