Фудбалскиот сојуз на Шпанија размислува да поднесе кандидатура за Европското првенство во 2028 или Мундијалот две години подоцна, пренесуваат денес медиумите во оваа земја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанските меидуми наведуваат дека идејата е претставена на денешниот состанок претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино со шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателот на Фудбалскиот сојуз, Луис Рубијалес.
Медиумите повикувајќи се на извори блиски до владата нвердуваат дека кандидатурата за Светското првенство во 2030 година би можела да биде заедничка со Португалија и Мароко.
Шпанија во својата историја беше домаќин на Мундијалот во 1982 година, додека Европското првенство во оваа земја се играше во 1964 година.