Дома Фудбал Останато Шпанија попушти: Косово ќе игра под свое знаме

Шпанија попушти: Косово ќе игра под свое знаме

Натпреварот меѓу Шпанија и Косово закажан на 31 март од квалификации за СП ќе се одигра без дополнителни протоколи и промени во однос на обележјата на гостите на овој меч.

Владата на Шпанија дозволи да се истакне знамето и да се интонира химната на Косово на мечот од квалификациите за Светското првенство.

Најпрво беше соопштено дека Косово нема да може да истакнува свои одбележја, сепак таа одлука е променета.

„ФИФА и УЕФА ја рушат шпанската позиција и ја натераа државата да прифати презентирање на целосната косовска национална симболика во Севиља“, пишува „Конфиденсијал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити не можеше да најде подобра замена за Родри!

Манчестер Сити ја започна оваа сезона во Премиер Лигата добро и покажа рана кандидатура за…