Дома Фудбал Репрезентации Шпанија го претстави Де ла Фуенте: Вратата е отворена за Рамос

Шпанија го претстави Де ла Фуенте: Вратата е отворена за Рамос

Фудбалската федерација на Шпанија денес и официјално го претстави Луис Де Ла Фуенте за нов селектор на „црвената фурија“.

Луис Енрике го напушти кормилото на репрезентацијата после раната елиминација на Мундијалот, а денес беше промовиран неговиот наследник.

„Моја цел е Шпанија да биде најдобра, а за тоа секако трба да ги имате во изборот сите најдобри фудбалери. Нема да ги делиме на млади и возрасни, сите подеднекво ќе конкурираат. Да, отворена е вратата и за Серхио Рамос, не сакам да се повлече и Серхио Бускетс, а секако дека младата генерација фудбалери ќе треба да се докаже и ќе ја добие својата важна улога во наредниот период“, изјави Де ла Фуенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА подготвува кривична постапка против Инфантино, ФИФА би можела да ги плати неговите трошоци

Конфликтот меѓу УЕФА и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, би можел да добие и правна р…