Дома Останати Ракомет Шпанија во драматичен натпревар ја победи Германија во дербито на ОИ

Шпанија во драматичен натпревар ја победи Германија во дербито на ОИ

Германија и Шпанија одиграа одличен натпревар на ракометниот турнир во Токио, а на крајот победија Шпанците со 27:28.

Во првото полувреме Германците наметнаа свое темпо, но полека го губеа како што одминуваше натпреварот. Пред паузата одлични минути имаше и Гонзало Перез, па неговите одбрани Шпанија ги искористи да дојде до 13:12.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На стартот од второто полувреме „Фуријата“ направи серија и го презема водството. Сепак ,ривалот не се предаде и во последните десет минути се врати во игра.

Алекс Душебаев беше одличен во последните минути и постигна два гола. На спротивната страна Марсел Ширер направи пробивање, па така им даде шанса на противниците да го преземат водството. Во последниот напад Германците направија уште едно пробивање за победа на Шпанија.

Со по пет гола Гомез и Фиграс беа најефикасни кај Шпанија, кај Германија пет гола постигна Вајнхолд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното ЕП

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противници…