Романија и покрај поразот во Скопје од 30:22 сепак нема да се предаде во борбата за пласман во следната фаза од баражот. Затоа селекторот Чави Пасквал дополнително повика уште еден ракометар.
Имено, Пасквал за деншниот дуел дополнително го повикал Хавиер Хумет, Шпанецот со романски пасош кој ќе биде „џокер“ на домаќините во обид да направат пресврт на резултатот од првиот натпревар што би било еднакво на чудо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хумет игра како десен бек, а најголем дел од кариерата помина во Романија играјќи за Костанца, ЧСМ Букурешт, Стеауа и сега Динамо Букурешт. Поради семејни причини Хумет не беше на подготовките и на првиот натпревар во Скопје.
Македонија ќе потсетиме за овој дуел направи само една промена и тоа Марко Митев отпадна од составот, а на негово место шанса ќе добие крилото Ненад Костески.